Кик бокс клубот Шампион од Скопје е прогласен за најдобар клуб во ринг-дисциплините на Европскиот куп „Балкан Опен 2025“ кој викендов се одржа во Тешањ, БиХ.
КБК Шампионат, под водство на тренерот Дејан Митровски – Урко, на крајот се закити со четири медали, од кои три златни и еден сребрен, со што се издвои на врвот на листата на најдобрите клубови на Балканскиот куп.
За КБК Шампион, медали освоија: – Максим Митросвки (-75 кг сениори, К1), Лука Кипровски (-91 кг сениори, К1), Милан Нешевски (-75кг, постари јуниори, лоу кик) и Кристина Спиркоска (-56 кг сениори, лоу кик).

Сергеј Ушлинковски за малку не успеа да обезбеди медал но прикажа извонредна борба и пожртвувсност.
„Многу од натпреварувачите од КБК Шампион беа спречени поради опоравување од стекнати повреди на тренинзите и не учествуваа на овој натпревар. Јас како нивни тренер сум задоволен од успехот на моите натпреварувачи и да напоменам дека наредниот период следи офанзива на успеси кога сите ќе се опорават од повредите“ – изјави Дејан Митровски по завршувањето на „Балкан Опен 2025“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

