Иако требаше да заврши во Атлетико, левиот бек на шпанската репрезентација Марк Кукуреља ќе се пресели во другиот дел на Мадрид, во Реал.
Според информациите од Шпанија, Кукуреља веќе постигнал договор за негов трансфер на „Сантијаго Бернабеу“, кој треба да се случи по завршувањето на Светското првенство. Беше голема желба на Атлетико, кој сега ќе мора да бара други решенија.
Интересно е тоа што Кукуреља е поранешен член на најголемиот ривал Барселона. Тој од Еспањол, на 15 години се пресели во Барса, ги мина сите младински категории, а потоа играше во Еибар и во Гетафе, од каде замина во Англија, најпрво во Брајтон, а потоа и во Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
