Ќе игра ли „луткото“ Кристијано Роналдо против Вест Хем?

Кристијано Роналдо поради ситни повреди пропушти неколку натпревари од Манчестер Јунајтед во изминатите триесетина дена, а Португалецот се најде во центарот на вниманието по конфликтот што го имаше со тренерот Ралф Рангник и одлуката на германскиот стратег да го повлече Кристијано од игра при водство од 2-0.

Роналдо не делуваше повреден и беше бесен што токму тој треба да го напушти теренот, а според последните информации од Манчестер, лесно може да се случи Кристијано да не биде во тимот за претстојниот дуел со Вест Хем, што на програмата е утре. Ова на денешната прес-конференција го потврди и Рангник, обелоденувајќи дека Роналдо се мачи со повреда на вратот.

„Кристијано е под знак прашалник. Тој има проблеми со вратот, вчера мина два-три часа на специјални третмани. Ќе видиме како ќе се чувствува и далу ќе може да ни помогне против Вест Хем. Проблем имаме и со Кавани, кој воопшто не тренираше изминатите денови, па ќе видиме дали и тој ќе може да биде во составот“, истакна Рангник.

Се вчитува...