Ќе има ли мегатрансфер: Бенфика го следи Ферхан Хасани

Португалскиот гигант Бенфика е сериозно заинтересиран за ангажман на капитенот на Шкендија и македонски репрезентативец, Ферхан Хасани, дознава ЕКИПА. Скаутите на овој клуб ги следеле игрите на Хасани во европските купови изминатото лето, но и во македонскиот шампионат, и искажале заинтересираност за одличниот офанзивен играч за врска да се пресели на „Луж“. Можно е овој трансфер да се реализира уште оваа зима, но многу поверојатно е тоа да се случи во летниот преоден рок.

ferhan hasani makedonija izrael kvalifikacii sp

Бенфика е во потрага по нов офанзивен играч за врска и нов напаѓач, а на радарот на тренерот Руи Виторија, меѓудругите се швајцарскиот репрезентативец Харис Сеферовиќ и македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани. Според информациите, Бенфика е подготвена да плати околу 500.000 евра отштета на Шкендија за да го добие Хасани во своите редови.

Ферхан Хасани во својата кариера беше интернационалец во бундеслигашот Волфсбург, каде не доби вистинска шанса за докажување, а потоа замина во данскиот Брондби,  од каде реши да се врати во Шкендија. Дали оваа зима повторно ќе замине на печалба?!

Се вчитува...