Ќе продолжи ли полската бајка против најсреќниот тим на Евробаскетот?

Првиот патник во финалето на Евробаскетот 2022 ќе биде познат денеска од 17 часот и 15 минути oткако силите ќе си ги одмерат најпријатното изненадување на собирот, Полска и најсреќната репрезентација на истиот Франција.

Полјаците до местото меѓу најдобрите четири тима го осигураа со триумф против фаворизираната Словенија, совладувајќи го Лука Дончиќ, додека Франција во второ чудо и триумф по продолженија против Италија го трасираше патот до полуфиналето.

„Кога ќе ја видите Франција си велите на среќа ја добија Турција, на среќа ја победија и Италија и едвај се пласираа во полуфиналето. Но, станува збор за тим кој е меѓу најдобрите четири во Европа. Имаат среќа, но Франција има неверојатен тим. Се доградуваат од натпревар во натпревар и знам дека ќе биде многу тежок меч“, вели Матеуш Понитка.

„Знаеме дека мораме да одиграме многу подобро, но „живи“ сме. Не очекува тежок натпревар и мораме да бидеме подобри за да може да се надеваме на златен медал. Не смееме да бидеме на нивото на кое бевме во последните натпревари, но сепак имаме шанса. И ја заслужуваме истата“, вели селекторот на Франција, Винсан Коле.

За Полска ова ќе биде прв полуфинален натпревар по 50 години, додека за Франција истиот значи враќање меѓу најдобрите четири репрезентации откако на Евробаскетот 2017 година „триколорите“ завршија како 12. пласирана репрезентација.

Се вчитува...