Кеан влезе од клупата и за три минути му донесе победа на Јуве

Јувентус има нов „бисер“ во својот напад откако младиот Моисе Кеан го потврди својот потенцијал и на денешниот дуел со Емполи, носејќи ја победата на актуелниот првак непосредно по влегувањето на теренот.

„Старата дама“ долго се мачеше да го скрши отпорот на гостите, а потоа Кеан влезе во игра во 69. минута од натпреварот. Тој не мина ниту три минути во игра, а веќе успеа да се запише меѓу стрелците, откако натрча на една спуштена топка со глава на Манџукиќ, па со силен удар од работ на шеснаесетникот го матираше голманот на Емполи.

Интересна статистика, Кеан сезонава има три удари во рамките на голот на натпреварите од „Серија А“ и сите три завршиле во мрежата на противникот.

Се вчитува...