Кедира има една цел, да му помогне на Буфон да освои Лига на шампиони

Фудбалерот на Јувентус, Сами Кедира, истакна дека има една цел за оваа сезона, да му помогне на својот повозрасен колега од тимот, Џиџи Буфон, да ја освои Лигата на шампиони откако доживеа разочарување со својата репрезентација во баражот за СП.

Буфон против Шведска на „Сан Сиро“ го одигра последниот меч во репрезентативен дрес, по натпреварот не можеше да ги задржи емоциите давајќи изјава, па Кедира реши да направи се што е во негова моќ за Јуве да стигне до европскиот пехар, за да Џиџи да биде повторно среќен.

„Не можам да бидам среќен, кога го видов Буфон како плаче многу ми беше тешко, верувам дека сите се чувствуваа така, не само италијанскиот народ. Буфон е голем спортист, фудбалска икона, не заслужува да доживува такви разочарувања. Се надевав дека Италија ќе успее да се пласира, за уште еднаш да го видиме Буфон на најголемото фудбалско натпреварување. Сега и јас сум тажен што Италија не игра на мундијалот, но му ветив дека ќе помогнам на секаков начин за да го освои единствениот трофеј кој му недостасува во витрините, а тоа е Лигата на шампиони“, истакна Кедира.

 

Се вчитува...