Кедира ќе паузира еден месец поради срцевите проблеми

Германскиот интернационалец Сами Кедира ќе паузира еден месец поради аномалиите во работата на срцето, објави Јувентус на официјалниот сајт. Играчот за врска има аритмија, која беше откриена на рутински преглед во пресрет на заминувањето на тимот за Мадрид, на првата осминафинална пресметка во ЛШ против Атлетико.

Кедира доби забрана за настап од клупските доктори, а во текот на денешниот ден замина и на детални прегледи кај кардиологот проф. Фјоренцо Гаита, кој му препорача интензивна терапија во наредните 30 дена.

Се вчитува...