Јапонија веќе обезбедија место на Светското првенство во 2026 година, а пред четири години во Катар победија против европските гиганти Шпанија и Германија, се пласираа во осминафиналето.
Поранешниот играч на оваа селекција Кеисуке Хонда даде малку (не)реална изјава, кажувајќи дека Јапонија може да дојде до трофејот на Мундијалот.
„Нашиот тим има потенцијал за првите четири селекции, а можеби дури и за титула. Ништо не е невозможно. Моментално имаме квалитетни играчи и им посакувам да го сторат тоа“, рече поранешниот играч од средниот ред, кој ја заврши кариерата минатата година и сега работи во бизнис секторот.
Хонда има 98 настапи за јапонската репрезентација, со која играше на Светските првенства во 2010, 2014 и 2018 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

