Кејхил: Ние не сме роботи, и Челси мора некогаш да загуби

Тотенхем стави крај на серијата од 13 последователни победи во Премиер – лигата, откако синоќа го совлада лидерот на табелата со 2-0 на „Вајт Харт Лејн“. Деле Али беше стрелец на двата гола за домашниот тим.

Дефанзивецот на Тотенхем, Гери Кејхил, не е задоволен од изданието на својот тим, но вели дека тој и неговите соиграчи не се роботи кои секогаш победуваат кога ќе излезат на теренот.

„Ние не сме роботи за да победуваме на секој меч. Но, истовремено сме разочарани, затоа што не одигравме на потребното ниво. Имаше одредени грешки, кои Тотенхем успеа да ги искористи. Сепак, мислам дека овој пораз нема да ги поремети нашите планови. И понатаму сме лидери и имаме предност, и ќе се фокусираме на наредните натпревари“, изјави Кејхил.

Се вчитува...