Кејн донесе триумф на Тотенхем над Челси

Тотенхем обезбеди минимална предност од 1-0 по првиот полуфинален натпревар од лига-купот на Англија во кој „спарси“ за ривал го имаа тимот на Челси.

Двете лондонски екипи одиграа внимателен натпревар без премногу стопроцентни шанси, а како решавачки се покажа пеналот што Кепа го направи врз Хари Кејн. Капитенот на Тотенхем самиот ја презеде одговорноста и ја затресе мрежата на „сините“, обезбедувајќи позитива во пресрет на реваншот на „Стемфорд бриџ“.

Во второто полуфинале од лига-купот на Англија се среќаваат Манчестер Сити и Бартон.

Се вчитува...