Кејн и компанија лесно ги решија Бугарите на „Вембли“

Фудбалската репрезентација на Англија го задржа максималниот ефект совладувајќи ја Бугарија со 4-0 на „Вембли“ и повторно се искачи на водечката позиција на табелата во групата А со девет бода, пред Косово (8). Хари Кејн во 24.минута ја казни грешката на бугарската одбрана откако реализираше по проигрувањето од Рахим Стерлинг.

Напаѓачот на Тотенхем беше стрелец и на вториот гол кој го постигна од пенал во 50.минута од дуелот. Пет минути подоцна погоди и Рахим Стерлинг, а на крајот Кејн уште еднаш стрелаше од пенал.

Исланд ја победи Молдавија со 3-0 со головите на Сигторсон и на Бјарнсон и автоголот на Мудрац, а Украина славеше со 0-3 на гости против Литванија.

Се вчитува...