Кејн не може сам да го поправи „провевот“ во одбраната на Тотенхем (ВИДЕО)

Хари Кејн дефинитивно не може сам да ги поправа грешките на одбраната на Тотенхем, бидејќи и покрај неговите два гола лондонскиот клуб одигра само нерешено 2-2 на гостувањето кај Њукасл во одигра само нерешено 2-2 на гостувањето 30. коло во Премиер-лигата.

Домаќините поведоа со голот на Џоелинтон во 28. минута, по што следуваа двата гола на Кејн во 30. и 34. Кејн имаше шанса и за хет-трик кога во 85. минута ја погоди стативата, а веднаш во следниот напад Вилок ги постави конечните 2-2.

Тотенхем останува на 5. место на табелата со 49 бода, додека Њукасл е 17. со 29.

 

 

 

 

 

Се вчитува...