Фудбалерот на англиската репрезентација Хери Кејн смета дека детали одлучија во корист на Холандија во дуелот од полуфиналето во Лигата на нации. Иако Англија поведе со голот на Маркус Рашфорд од пенал, Холанѓаните го однесоа мечот во продолженија со голот на Матијс де Лихт, а потоа во продолженијата успеаја да постигнат два гола за конечна победа.
„Мали разлики одлучуваат во вакви натпревари. Овојпат не чинеа пораз нашите грешки. Направивме повеќе грешки од противникот и затоа мораме да научиме многу од ова искуство“, изјави Кејн.
Холандија во финалето ќе игра против Португалија, а претходно во мечот за третото место ќе се сретнат Англија и Швајцарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА