Нема дилема дека црвениот картон на Камавинга беше клучен фактор за конечниот исход на реваншот меѓу Баерн и Реал на кој баварците со два гола во финишот стигнаа до победа од 4-3 и се пласираа во полуфиналето од Лигата на Шампионите.
„Кралевите“ фрлаат со дрва и камења по тренерот Винчиќ, но интересен одговор добија од големиот ас на Баерн Минхен, Хари Кејн, кој го потсети шпанскиот гигант на бројните судиски одлуки во минатото што одеа во нивна корист.
„Нема дилема, тоа исклучување ни беше од помош. Сигурен сум дека се лути, но во последните години имаше толку многу одлуки во нивна корист. Сепак, тоа беше максимално глупав жолт картон што го доби Камавинга, вториот по кој доби и црвен. Како фудбалер, не може да си допуштите да ја зграпчите топката и да трчате со неа, особено ако ссте веќе опоменато. Судијата донесе таква одлука каква што донесе, добро е што овојпат ваков инцидент одеше во наш прилог, а не на Реал Мадрид“, прокоментира Хари Кејн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
