Хари Кејн ја затвори вратата за камбек во англиската Премиер-лига во некој поблиска иднина откако големиот ас јасно стави до знаење дека е пресреќен во Баерн Минхен, тим со кој ги освои првите трофеи во својата кариера.
Тој дојде во Минхен во 2023 гоина од редовите на Тотенхем, Кејн дотогаш имаше 213 гола во Премиер-лигата, зад рекордерот Алан Ширер со 260, рекорд што Хари најверојатно нема да го нападне ако се знае дека на 33-годишна возраст во моментов преговара за нов тригодишен договор со Баерн.
„Ако сум искрен, во моментите кога си заминував тој податок „ме чешаше“, тоа е важен рекорд и свесен сум дека ако играм уште неколку сезони во Премиер-лигата би можел да го урнам. Во тој период размислував еден ден да се вратам во Премиер-лигата и да го нападнам тој рекорд, но тоа едноставно повеќе не е случај. Среќен сум во Баерн, овде имам се што можам да посакам, ги напаѓаме сите трофеи секоја година и не гледам зошто би размислувал за некој друг клуб. Семејството исто така одлично ми се адаптираше во Минхен, па сосема логично е што приоритет давам на преговорите за нов договор со Баерн. Враќање назад во Премиер-лигата не е нешто за што воопшто размислувам во последно време“, обелодени Хари Кејн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
