Келаифи на промоцијата на Меси ги разреши дилемите околу иднината на Килијан Мбапе

Лионел Меси е промовиран за нов фудбалер на Пари Сен Жермен. На промоцијата покрај аргентинскиот ас присуствуваше и првиот човек на клубот, Насер ал Келаифи кој покрај за Меси одговараше на новинарски прашања и околу иднината на Килијан Мбапе.

„Мислам дека сите знаат која е иднината на Мбапе. Тој е парижанец. Рече дека сака компетитивен тим и затоа после се не гледам причина зашто би направил било што друго“, изјави Келаифи. 

 

Се вчитува...