Келн не се откажува од својот талент: Одби 50 милиони евра од Борусија Дортмунд

Келн ја одби понудата од 50 милиони евра од Борусија Дортмунд за својот голем талент Саид Ел Мала.

Деветнаесетгодишниот напаѓач важи за еден од најперспективните млади германски фудбалери. Во својата прва сезона во Бундеслигата постигна 13 гола и запиша пет асистенции, со што го привлече вниманието на неколку големи клубови.

Дортмунд долго време беше заинтересиран за неговиот потпис, но Келн не попушти ниту пред понудата од 50 милиони евра. Дополнителен фактор е и договорот на Ел Мала, кој со клубот е обврзан до 2030 година.

Директорот на Борусија Дортмунд, Ларс Рикен, потврди дека клубот се откажува од трансферот.

„Саид Ел Мала не е играч на Борусија Дортмунд и нема да стане таков ниту ова лето. Имавме отворени разговори со луѓето во Келн, но тие ја одбија нашата последна понуда. Нема да испратиме нова понуда и повеќе нема да го бркаме трансферот“, изјави Рикен.

Ел Мала на 26 август ќе наполни 20 години. Тој има седум настапи и еден гол за младата репрезентација на Германија, а претходно доби и повик во сениорскиот национален тим.

Се вчитува...