Келн подобар во „голеадата“ против Вердер… (видео)

Во исклучително значаен момент Келн дојде до триумф од 4-3 против Вердер во првиот натпревар од 32. коло во Бундеслигата.

Во еден од одлучувачките натпревари околу битката за европски излез за двете екипи, Келн сосема заслужено стигна до триумфот, најавувајќи го уште во 13. минута со голот на Модест, во 28. минута на 2-0 зголеми Битенкурт, за да потоа следат два гола на гостите во 34. и во 40. минута за израмнување на 2-2.

келн

Сепак, на полувремето Келн замина со предност со голот на Цулер во 44. минута.

Во вториот дел, на 4-2 зголеми Модест во 47. минута, за да конечните 4-3 ги постави Гнабри во 62. минута.

All Goals & highlights – FC Koln 4-3 Werder… by goalsarena2017

По овој триумф, Келн сега има 45 бода, избивајќи на шесттата позиција која води во Лигата на Европа, токму пред Вердер Бремен кој исто така има 45 бода, но со послаба гол-разлика.

Се вчитува...