Келн спаси бод во финишот против Сент Паули (ВИДЕО)

Екипата на Сент Паули беше блиску до важна победа во битката за опстанокот во Бундеслигата против Келн, но на крајот мораше да се задоволи само со еден бод.

Откако Метс во 69. минута му донесе предност на Сент Паули, сите од домашниот тим се надеваа дека ќе се освојат три важни бода за останување на уште една сезона во елитното бундеслигашко друштво.

Но, така не мислеше Лука Валдшмит кој со гол од пенал во 86. минута успеа да го израмни резултатот.

Се вчитува...