Американецот Кендрик Нан, како што стојат работите, ќе го носи дресот на репрезентацијата на Катар. Домаќинот на следниот Мундобаскет очигледно не штеди пари за да го појача тимот за Светското првенство.
Главна ѕвезда ќе биде бекот на Панатинаикос, кој се појави во оваа приказна откако се откажаа од Тобијас Харис. Според „Спорт 24“, Нан ќе добие фантастични 30 милиони за следните пет години.
Турската федерација исто така беше заинтересирана за Нан, и покрај фактот што Ергин Атаман го негираше тоа. Минатата сезона, тој имаше 18,3 поени, 3,5 асистенции и 2,7 скока во Евролигата, во дресот на Панатинаикос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
