Кениецот на МЗТ Скопје е МВП на колото во АБА2 лигата

Нуми Омот имаше извонредно деби во дресот на МЗТ Скопје, откако кенискиот интернационалец одигра фантастичен меч во победата против Слобода од 110-88.

Тој одигра 28 минути, период во кој реализираше 33 поени со извонреден процент на шут (6/6 за тројка, 7/8 за два поени). Покрај поените, Омот додаде и по три скока и асистенции, а имаше и една украдена топка за 37 вкупен коефициент на корисност.

Кошаркарот на МЗТ Скопје воедно беше и прв стрелец со 33 поени, со најдобар процент на успешни удари кон противничкиот кош (92,9-отсто).

Меѓу најдобрите по првото коло од АБА2 е и Американецот Џабари Хиндс, кој е втор асистент со осум успешни додавања и втор „крадец“ со четири украдени топки.

Се вчитува...