Кер: Дурант не ме навреди, тој само ја кажа вистината

Тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер вели дека ја разбира изјавата на Кевин Дурант, кој по заминувањето од клубот истакна дека никогаш не се чувствувал како да припаѓа во екипата. Многумина тоа го оценија како навреда кон тренерот, но Кер ги поддржа ставовите на својата доскорешна „ѕвезда“ во тимот.

„Не ме навредија воопшто коментарите на Кевин, бидејќи во суштина тие се вистина. Погледнете било кој систем. Јас во Чикаго со Џордан играв триаголник. Тоа функционираше повеќе во регуларниот дел од сезоната и првата и втората рунда во плеј-офот, отколку во финалето. Тоа е затоа што кошаркари како Џордан, Дурант и Брајант можат самите да победат секого. Длабоко во плеј-офот одбраната е поцврста, судиите не ги свират сите фаули и тоа е моментот кога големите кошаркари треба да земат се во свои раце“, изјави Кер. 

Кер на клупата на Голден Стејт се наоѓа од 2014 година, а во неговиот мандат „воините“ освоија три шампионски титули.

Се вчитува...