Кер: Стеф е блиску до враќање, тој е нашиот Том Брејди

Тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер вели дека првата ѕвезда на тимот од Сан Франциско, Стеф Кари е на добар пат многу брзо да се врати на терените по повеќе месечната пауза. Одличниот плејмејкер на стартот на сезоната ја скрши дланката на левата рака и оттогаш е надвор од тимот. Во меѓувреме процесот на рехабилитација помина добро, по што 31-годишникот веќе се приклучи на тренинзите.

„Тој е нашиот Том Брејди. Цело време на тренинг велам, не го допирајте Стеф, не го допирајте. Забавно е. Тој е тука со нас, учествува во се што правиме, само не во игра пет на пет. Генерално делува добро, но не сакам ништо да ризикувам“, изјави Кер. 

Во моментов Вориорс се најлоша екипа во лигата со скор од 12 победи и 43 порази. Сепак, тоа не го загрижува многу Кер бидејќи покрај заминувањето на Кевин Дурант, годинава не можеше да смета на своите први две ѕвезди Стеф Кари и Клеј Томпсон.

Се вчитува...