Кер за Дончиќ – Невозможно е еден кошаркар прво да потсетува на Лери Брд, а потоа на Џејмс Харден

Тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, не се штедеше да го пофали Лука Дончиќ, по натпреварот кој неговиот тим го загуби од Далас Маверикс. Мавс славеа со 124-97, а 20 – годишниот Словенец имаше 20 поени, осум скока и две асистенции.

„Тој е одличен за НБА. Важен е за лигата и нема врска што доаѓа од Европа, туку со тоа што е фантастичен кошаркар. Различен е. Неверојатно е како во еден момент ме потсетува на Лери Бирд, во друг на Џејмс Харден, па тоа е невозможно“, изјави Стив Кер. 

Дончиќ сезонава просечно бележи по 28,9 поени, 9,6 скока и 8,8 асистенции по натпревар и е најзаслужен што Далас има скор од 25 победи и 15 порази.

Се вчитува...