Кербер се врати на врвот, Ѓорческа 192. на ВТА – листата

Германската тенисерка Анжелик Кербер се врати на првото место на листата на ВТА, на најновото рангирање на најдобрите светски тенисерки. Таа ја потисна Серена Вилијамс, која се откажа од настапот во Индијан Велс поради повреда, трета е Каролина Плишкова, на четвртата позиција се наоѓа Диминика Чибулкова, а петторангирана е Симона Халеп.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа бележи скок од едно место и сега се наоѓа на 192.позиција на ВТА – листата.

Кај мажите, на првото место е Енди Мареј, пред Новак Ѓоковиќ, а на третото место е Станислас Вавринка. Роџер Федерер по освојувањето на Индијан Велс бележи најголем напредок и сега се наоѓа на шестата позиција.

Се вчитува...