Ќерими наместо за Металург потпиша за ППД Загреб

Белгискиот ракометар Арбер Ќерими кој од оваа сезона требаше да го носи дресот на Металург, наместо во Скопје се пресели во Загреб. Ќерими одработе дел од подготовките со тимот од Автокоманда, а потоа замина да игра кај Лино Червар.

Хрватскиот шампион денеска го официјализираше потпишувањето на договорот со 28-годишниот белгиски репрезентативец. Ќерими минатата сезона играше за францускиот Сесон со кој имаше тригодишен договор, но доби раскин уште по првата сезона и реши да ја продолжи кариерата на Балканот.

„Пресреќен сум што дојдов во еден од најголемите клубови кога е европскиот ракомет во прашање. За загреб знам многу, сите најголемио имиња од хрватскиот ракомет играче овде и голема чест, но и обврска е да се носи овој дрес. Се радувам што наскоро ќе заиграм со овие извонредни момци со кои одработев неколку тренинзи и можам само да ветам дека ќе дадам се од себе да му помогнам на Загреб во остварувањето на клупските цели“ – изјави Ќерими по потпишувањето на договорот.

ППД Загреб со Лино Червар на клупата имаше неочекувано лош старт во новата сезона во СЕХА лигата и во првиот натпревар претрпе пораз од Нексе (23-22).

Се вчитува...