Кесар: Во финалето мораме да ја задржиме концентрацијата сите 40 минути

Пелистер за прв пат во својата историја ќе игра во финалето од Првата кошаркарска лига. Битолчани до таму стигнаа со победа во полуфиналната „мајсторка“ против Еуро Никел, притоа умешно користејќи ги предностите во однос на противникот.

„Зелено-белите“ беа за нијанса подобри во текот на целата серија, но и покрај тоа што ја имаа контролата во поголемиот дел од натпреварите во сенка останува неколку минутниот пад во играта кој драстично се одрази на вториот натпревар.

„Мислам дека заслужено играме во финале оваа сезона, имавме многу падови во нашата игра во оваа полуфинална серија и имаме многу малку време да ги исправиме грешките за истите да се на повторат во самото финале. Би рекол дека тоа се должи на падот на концентрација во одредени моменти и треба во тие моменти да не носиме избрзани одлуки“, изјави за ЕКИПА, Игор Кесар.

Очекувано во финалето силите ќе си ги одмерат АБА-лигашите кои оваа сезона одиграа пет натпревари. Во домашното првенство Пелистер славеше во првите два, МЗТ ги доби оние во Суперлигата и АБА2, но битолскиот состав не беше комплетен во вторите два.

Во однос на нив во „зелено-белиот“ дрес недостасуваше Давид Хогтон кој носи стабилнсот во рекетот, на првиот меч одигран во Скопје „фит“ не беше ни Кесар, а на натпреварот во Битола недостасуваше Стајиќ. Сега работите се променети, со Американецот во рекетот Србинот добива поголема „ширина“ во нападот која се одрази со просек од 22.6 поени, 3.3 скока, 3.3 асистенции и 3.3 украдени топки по меч во полуфиналето.

„Во регуларниот дел покажавме дека можеме да играме против МЗТ Скопје. Натпреварите кои ги загубивме не бевме во пол состав. Немав можност да ја видам нивната серија бидејќи игравме речиси во исти моменти“, додава крилниот центар.

Финалната серија започнува во петок со натпревар во СЦ „Јане Сандански“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...