Сити го чува најдобриот: Де Бруине потпиша до 2025 година

Кевин Де Бруинe го продолжи договорот со Манчестер Сити. Одличниот играч за врска се договори со „граѓаните“ за продолжување на соработката до летото 2025 година. Белгиецот е убедливо најдобар фудбалер на Сити и оваа сезона, преговорите за нов договор траеја речиси една година, за на крајот конечно да биде пронајден заеднички јазик.

Со овој договор за продолжување на соработката конечно заврши и сагата за неговиот престој во клубот од Етихад, па фановите ќе имаат привилегија да го гледаат Белгиецот уште четири години во дресот на Сити.

Де Бруине пристигна во Сити во 2015 година од Волфсбург. Одигра вкупно 255 натпревари, постигна 65 голови и забележа 105 асистенции.

 

 

Се вчитува...