Кевин Дурант ги пропушта следните два натпревари од финалето на Западот

Кевин Дурант поради повреда нема да патува за Орегон, каде што ќе се играат следните два натпревари од финалната серија во Западната конференција, меѓу Голден Стејт и Портланд, потврде генералниот менаџер на „Вориорс“, Боб Мајерс.

Дурант одлично се опоравува, но на нови прегледи ќе мора да оди за седум дена, што значи дека би можел да го пропушти евентуално и петтиот натпревар од серијата.

„Поозбилно е него што мислевме на почетокот, ќе видиме како ќе се одвиваат работите“, откри Стив Кер по победата над Портланд за водство од 2-0 во финалната серија на Западот. 

Дурант го повреди листот на ногата во завршницата на третата четвртина од петтиот меч од полуфиналната серија против Хјустон.

Се вчитува...