Кевин Дурент потпиша за Бруклин

Кевин Дурент во следните четири години ќе биде играч на Бруклин. Тој за договорот со „нетс“ ќе добие 141 милион долари.

Двојниот МВП на финаните серии му се прклучува на Кајри Ирвинг во Брукин во обидот оваа франшиза да стане сериозно конкурентна во трката за титулата.

Дурент мина три сезони во Голден Стејт каде освои два шампионски прстени. Комплетниот догворо меѓу Голден Стејт и Бруклин подразбира и размена на Дианџело Расел во спортивен правец. Младиот плејмејкер кој во минатата сезона беше најдобар играч на Бруклин за четирите години во Голден Стејт ќе добие 117 милиони долари.

За новата ера со Бруклин, Дурент го избра бројот 7. Досега во Голден Стејт носеше дрес со бројот 35.

 

 

Се вчитува...