Кевин Дурент во Бруклин во тандем со Кајри Ирвинг

Кевин Дурент ќе потпише петгодишен договор со Бруклин вреден 164 милиони долари тврди Адријан Војнаровски, извор кој е добро поврзан со НБА лигата. Според најавата Дурент веќе требаше да го објави трансферот кој се реализира во периодот  за „слободни агенти“.

Во пар со него во Бруклин наводно оди и Кајри Ирвинг, а неговиот трансфер ќе вреди 141 милион долари. Се тврди дека третото име кое ќе ги засили „нетс“ е Денадре Џордан.

Ваквиот пакет би го направил Бруклин сериозно конкурентен во лигата, меѓутоа треба да се има в предвид дека Дурент ќе ја пропушти следната сезона поради повредата која ја заработи во финалната серија што Голден Стејт ја загуби од Торнто.

 

Се вчитува...