КФСМ и прволигашите на средба околу бројот на странци во домашното првенство

Раководството на кошаркарската федерација на Македонија предводено од претседателот Перо Антиќ денеска одржа состанок со претставници на прволигашите. Прволигашите до КФСМ достави барање за промена на членот од Регистрациониот правилник во кој се дефинира бројот на странци, односно задолжителниот број на домашни кошаркари на теренот.

За следната седмица е закажан нов состанок на кој дополнително ќе се разговара на темата околу Регистрациониот правилник.

 

Се вчитува...