КФСМ: Одложен натпреварот МЗТ Скопје – Пелистер

Кошаркарската федерација на Северна Македонија одлучи да го одложи натпреварот од суперлигата меѓу МЗТ Скопје и Пелистер поради позитивни случаи во таборот на скопскиот клуб. Откако од тимот од „Јане Сандански“ потврдија дека тренерот Радуловиќ и капитенот Стојановски се позитивни, побараа од федерацијата мечот против Пелистер да биде одложен како би се спречило понатамошно ширење на вирусот. Од КФСМ предлогот го прифатија, а дополнително ќе биде закажан датумот за одржување на мечот.

„Поради ново настаната состојба во екипата на КК МЗТ Скопје Аеродром со двајца потврдени случаи позитивни од КОВИД 19, тренерот Радуловиќ Д. и играчот Стојановски Д. и опасност од ширење на заразата на другите актери на натпреварот, натпреварот КК МЗТ Скопје Аеродром – КК Пелистер кој треба да се одигра на 04.04.2021 година се одложува. Датумот за одигрување на натпреварот ке биде дополнително закажан од страна на Комесарот за натпреварување во консултација со клубовите и КФСМ“, стои во соопштението на КФСМ. 

Се вчитува...