Кик-боксерите на прием во АМС (ФОТО)

Македонската кик-бокс репрезентација денеска беше на пример во АМС откако запиша одличен успех на Балканскиот шампионат во Лоу-кик и Кик-лајт кој се одржа во Краљево, Србија.

Репрезентативците на Македонија освоија 61 медал, од кои 16 се златни, 26 сребрени и 19 бронзени и во вкупниот пласман е втора зад Србија со 54 одличја – 28 златни, 19 сребрени и 7 бронзени.

На овој турнир учествуваа 73 натпреварувачи од Македонија и запишаа вкупно 77 настапи. Инаку, на Балканското првенство учествуваа 212 натпреварувачи од седум држави.

 

 

 

Се вчитува...