Кикс на Атлетико Мадрид, битката за титула се „вжештува“

Атлетико Мадрид не успеа да дојде до победа, ремизирајќи без голови на гостувањето против Гетафе во 27. коло во Ла Лига.

Атлетико беше подобар тим на теренот против домашните, но не успеа да дојде до гол за три бода. Гетафе, пак, се избори за значаен бод во битката за опстанок.

Битката за титула сега дополнително се „вжештува“. Реал Мадрид е на шест бода од Атлетико, додека Барселона на седум бода, но има и натпревар помалку.

Се вчитува...