Ренова, и покрај фаворитската улога, не успеа да дојде до победа против фенерџијата Пелистер во 21. коло од ПМФЛ ремизирајќи (1-1) на дуелот кој се одигра на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид поради снежните услови во Битола.
„Пелистерци“ одлично го почнаа мечот, па веќе во 15. минута по еден брз контранапад поведоа со погодокот на Здравевски.
Во продолжението „гипсарите“ се обидуваа да дојдат до израмнување и успеаја во тоа во 45. минута преку Таипи.
Во второто полувреме главно се играше на средината од теренот. Ренова ја имаше иницијативата но без посериозни можности за загрозување на голот на битолчани.
ПМФЛ – 21. КОЛО….
Охрид: ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА (1-1)
Здравевски 15′ – Таипи 45′
ВЧЕРА
Тетово: ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ (0-0)
Велес: БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ (0-1)
Шабани 52′
Скопје: ШКУПИ – ТИКВЕШ (3-2)
Да Силва Инасио 41′, Сандеј Адетунџи 57′(п), 86′ – Лазаров 77′, Нгоба 88′
Скопје: СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ (0-1)
Максимов 45’+1
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА (2-1)
Попзлатанов 36′, Костоски 41′ – Ѓокиќ 53′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА