Кикс на Хрватите во Баку: Азербејџан ремизираше со големиот фаворит

Хрватска одигра неочекувано реми (1-1) на гостувањето против Азербејџан во Групата Е од квалификациите за ЕП 2020.

Кикс на „коцкестите“ против фенерџијата во групата, и покрај тоа што брзо дојдоа до предност на натпреварот со голот од пенал на Лука Модриќ во 11. минута. Но, Азербејџанците израмнија со голот на Калилзада во 72. минута.

Ова е прв бод за Азербејџан во квалификациите за ЕП 2020. Хрватска, пак, со 10 бода и натаму е на чело на табелата но сега со само бод предност од Унгарија која е на втората позиција и има натпревар помалку.

Се вчитува...