Кикс на Интер со Болоња: Толку од трката за титула (ВИДЕО)

Интер веќе ги губи шансите за шампионската титула во Серија А, откако во 30. коло доживеа пресврт-пораз на домашен терен со 1-2 од Болоња.

„Нераѕурите“ поведоа со голот на Лукаку во 22. минута. За Интер дополнително олеснување беше исклучувањето на Сориано кај Болоња во 57. минута, но во 62. минута Лаутаро Мартинез не реализираше пенал. Од тој момент следи потопот на домашните.

 

Во 74. минута Болоња израмни преку Џувара, а во 84. минута Муса Бароѕ ги постави конечните 1-2.

По овој пораз, Интер со 64 бода сега е на 11 бода од водечкиот Јувентус.

Се вчитува...