Кикс на „лацијалите“: Само до реми во Верона

Лацио киксираше на гостувањето против Киево во 14. коло од Серија А, само ремизирајќи (1-1) против фенерџијата Киево.

„Лацијалите“ и се спасуваа од пораз на натпреварот во кој домашните поведоа преку Пелисие во 26. минута од натпреварот.

Тимот од Рим до ремито дојде со голот на Имобиле во 66. минута.

Овој кикс го чинеше Лацио сега бодовно заостанување во однос на водечката тројка.

 

Се вчитува...