Кикс на Тотенхем против Саутемптон… (видео)

Тотенхем не успеа активно да ја продолжи битката за водечките четири позиции во Премиер лигата откако киксираше на гостувањето против Саутемптон во 24. коло.

Тотенхем не успеа да стигне до триумфот на крајот само ремизирајќи (1-1) откако Хари Кејн во 18. минута донесе израмнување. Претходно Саутемптон дојде до водство со автоголот на Санчез во 15. минута.

По ова реми Тотенхем со 45 бода е на петтата позиција, со два бода заостанување зад четвртопласираниот Ливерпул, а пет бода помалку од Челси кој е на третото место.

Се вчитува...