Кил најбогат во Бундес лигата со буџет од 9.5 милиони евра

Вкупно 83 милиони евра изнесува буџетот на 18 клубови во ракометната Бундеслига  за сезоната 2018/2019. Најбогат во најсилната ракометна лига во светот е Кил со 9,5 милиони евра на располагање за оваа сезона, а финансиски најслаб во друштвото на милионерите е Лудвигсхафен со годишен буџет од 1.2 милиони евра.

Рајн Некар Левен за кој настапува македонскиот репрезентативец Филип Талески, има втор буџет во Германија од 6.5 милиони евра исто како и Фленсбург. Големата четворка ја затвора Фуксе Берлин со годишен буџет од 6 милиони евра.

Вецлар кој капитенски го предводи Филип Миркуловски на располагање има 4 милиони евра.

Споредбено со сезоната 2015/2016, кога бундеслигашите имаа вкупен буџет од 74,85 милиони евра, сезонава има зголем,ување за нешто повеќе од 10%.

Со просек од 4,61 милион евра по клуб, Германија е малку под францускиот просек кој изнесуваше 5 милиони евра по клуб во сезоната 2017/2018 година. Французите се уште ги немаат објавено буџетите на ракометните клубови за новата сезона, но тие сигурно и годинава нема да бидат под оваа бројка. Далеку пред сите други спроред финансиите и понатаму е ПСЖ кој минатата сезона имаше буџет од 17,7 милиони евра што е речиси двојно повеќе од буџетот што го има на располагање најбогатиот германски клуб Кил.

Буџети на гермснките клубови за сезоната 2018/2019:

  • Kiel: 9,5
  • Flensburg: 6,5
  • Rhein Neckar Löwen: 6,5
  • Füchse Berlin: 6
  • Göppingen: 5,2
  • Magdeburg: 5
  • Melsungen: 5
  • Erlangen: 5
  • Leipzig: 4,9
  • Hannover: 4,5
  • Gummersbach: 4
  • Stuttgart: 4
  • Wetzlar: 4
  • Minden: 3,5
  • Lemgo: 3,5
  • Bergischer: 3,2
  • Bietigheim: 1,5
  • Ludwigshafen: 1,2

Се вчитува...