Кил не попушта, Дувњак го пропушта ЕП во Хрватска?

Капитенот на хрватската репрезентација, Домагој Дувњак, најверојатно не ќе може да настапи за својата репрезентација на ЕП 2018 на кое Хрватска ќе биде домаќин. Средниот бек на Кил има повреда на левото колено кое мора да го оперира, а по операцијата го чека пауза од шест до девет месеци.

Одлуката на Кил е операцијата да биде извршена по завршувањето на сезоната бидејќи Дувњак им е важна алка во тимот кој се бори за настап во завршницата од Лигата на шампионите. Кил веќе го загуби Рене Тофт Хансен и се наоѓа во незавидна ситуација. Во Бундеслигата заостанува зад Фленсбург, а во првиот осминафинален меч во ЛШ на домашен терен беше поразен од Рајн Некар Левен.

Сето тоа го натера раководството на тимот да ја одложат операцијата на Дувњак и тој да биде оспособен за да може да настапи на реваншот со Некар Левен во четврток. Но, одложената интервенција на повреденото колено, Дувњак најверојатно ќе го чини настап на ЕП во Хрватска и ќе му донесе дополнителни проблеми на селекторот Лино Червар во обидот со Хрватска да го освои европското злато.

„Дувњак мора да оди на операција, но и претходно кажавме дека ќе ги игра важните натпревари, а оваа што е пред нас е токму таква“ – изјави тренерот на Кил, Алфред Гисласон, во пресрет на вториот натпревар со Рајн Некар Левен во осминафиналето од ЛШ.

Се вчитува...