Кил во четвртфиналето, крај за Рајн Некар Левен во ЛШ

Кил е третиот четвртфиналист во Лигата на шампионите по триумфот против Рајн Некар Левен со 24-26 во вториот меч од осминафиналето кој го водеа македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Тимот од Манхајм на првиот меч во гости славеше со 24-25, но не успеа да ја сочува предноста во реваншот на домашен терен иако во поголемиуот дел од мечот беше во минимална предност. Но, Кил беше подобар во решавачкиот финиш и славеше победа која му носи пласман во четвртфиналето од ЛШ. Во Топ 8, Кил им се приклучува на Вардар и на Барселона кои како првопласирани во групната фаза, обезбедија директен пласман во четвртфиналето. Исто како и лани, во следната четвртфинална фаза Кил ќе игра против Барселона.

Германската пресметка во осминафиналето во ЛШ очекувано донесе тврд и до крај неизевсен натпревар кој победникот беше решен во последните пет минути. Почетокот на натпреварот беше во знакот на Кил кој имаше почетно водство од 0-3. Но, исклучувањето на Рене Тофт Хансен уште во 6.минута, го наруши ритамот на гостите. Данецот направи груб фаул врз Александер Петерсон кој макеоднските судии, Начевски и Николов, го санкционираа со исклучување и со син картон.

Рајн Некар Левен на средината од првиот дел изедначи на 5-5, а потоа „лавовите“ направија и комплетен пресврт и во 22.минута поведоа со 9-7. Андреас Паличка во овој дел беше извонреден на голот на Рајн Некар Левен, одрани два седмерци и ја држеше играта на домашниот тим. Кил сепак успеа да се врати во игра и со погодокот на Домагој Дувњак дојде до ново изедначување на 10-10, а нерешено остана и на крајот на првото полувреме (12-12).

Второто полувреме почна со уште еден одбранет седмерец од Паличка, вкупно трет на овој меч и продолжи со резултатска предност на Рајн Некар Левен. Домаќините држае ритам и имаа позитива до 42 минута кога Раул Сантос донесе ново изнеданчување на 18-18. И во наредните минути, Рајн Некар Левен одржуваше минимална предност, а Кил бркаше резултат се до 48.минута кога Никола Билик одново им донесе предност на гостите (21-22). Во драматичната завршница, Никлас Ландин беше на вистинското место, а Кил на три минути пред крај дојде на +2 со погодокот на Винчек за 24-26. Во последната минута од мечот, Пекелер не успеа да погоди и Рајн Некар Левен остана без пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Марко Вујин и Никола Билик  беа најефикасни во составот на Кил со по пет гола, а Ким Егдал ду Риц со шест гола беше прв стрелец во составот на Рајн Некар Левен. Дејан Манасков и на овој меч остана на клупата на „лавовите“.

Во другите осминафинални двојки, Веспрем го пречекуав ППД Загреб со еден гол позитива од првиот меч (22-23). Еден гол предност има и Фленсбург по првиот осминафинален меч со Мешков Брест (25-26), Пик Сегед е домаќин на Силкеборг со предност од +2 (24-26), а Кјелце на домашен терен ќе брка пет гола негатива против Монпелје (33-28). Во француското осминафинале, ПСЖ го пречекува Нант со реми од првиот дуел (26-26).

Се вчитува...