Кил во последната секунда до победа над Колштад, Пик Сегед подобар од Кјелце

Кил го совлада Колштад со 26-25 во суперинтересниот натпревар од 10. коло во А групата од годинашното издание од Лигата на шампионите.

Ракометарите на Колштад го контролираа мечот се до 55. минута кога при нивно водство од 21-23, останаа без најдобриот ракометар Сандер Сагосен кој доби директен црвен картон откако жестоко го фаулираше Домагој Дувњак. По оваа глупост домаќините врзаа два гола и успеаја да стигнат до целосен пресврт од 24-23. Натпреварот влезе во неизвесна завршница во која домаќините победија со голот на Дамке во последната секунда (26-25).

Пик Сегед славеше на домашен терен против Кјелце со 26-25. Домаќините го добија првото полувреме со четири голови разлика (15-11), а до крајот иако гостите заиграа далеку подобро сепак не успеаја да стигнат до бодови на овој меч (26-25). Дури четворица ракометари на домаќинот постигнаа по четири гола (Шоштариќ, Банхиди, Алустиза и Бомбач), додека кај поразените Дујшебаев постигна шест.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...