Ракометарите на германски Кил се првите финалисти на фајнал-фор турнирот од Лигата на Европа кој се игра во Хамбург откако денеска во полуфиналето славеа над францускиот Монпелје (тим кој беше подобар од нашиот Вардар во четвртфиналето) со …
Бундеслигашот подобро го отвори натпреварот. Имаше контрола во првото полувреме, па на пауза замина со позитива од 12-15. Французите го отворија вториот дел многу подобро, па во 40. минута по долго време стигнаа до егал 18-18. Монпелје стигна и до 20-18. Кил се врати во мечот имаше и плус три во еден момент 24-27, но Французите не се откажуваа па натпреварот влезе во неизвесна завршница (28-28). Таму, Кил на 20 секунди до крајот преку Јохансон погоди за 28-29, а Волф со двојна интервенција го одведе својот тим во финале.
Во финалето Кил го чека подобриот од второто полуфинале во кое се среќаваат уште два бундеслигаши Мелсунген и Фленсбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
