Андреа Кими Антонели е победник на Големата награда на Белгија во формула 1. На подиумот му се придружија Шарл Леклер и Макс Верстапен, а трката беше обележана со испаѓањето на Џорџ Расел во првиот круг, што ќе има големи последици во борбата за шампионската титула.
Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, уште еднаш покажа колку е доминантен нивниот автомобил и колку предност имаат во однос на сите други во шампионатот.
Со оваа победа, италијанскиот тинејџер ја зголеми разликата во генералниот пласман и ги подобри шансите да стане светски шампион.
YES, KIMI! 💪
ANTONELLI WINS THE BELGIAN GRAND PRIX! 🏆🎉#F1 #BelgianGP pic.twitter.com/ccrSiAYfn2
— Formula 1 (@F1) July 19, 2026
Тој ги остави зад себе Шарл Леклер од Ферари, како и Макс Верстапен од Ред Бул и тројцата го сочинуваат подиумот во Белгија.
Прв без подиум на патеката Спа Франкошамп беше Луис Хамилтон, кој го заобиколи Пјастри четири круга пред крајот, по него следуваа Оскар, Хајар, Норис, Бортолето, Линдблад и Колапинто, кој ги комплетира Топ 10 возачите кои освоија бодови.
Kimi leads again!
Watch Antonelli make his move on Leclerc #F1 #BelgianGP pic.twitter.com/1336ckjAEL
— Formula 1 (@F1) July 19, 2026
Трката започна хаотично бидејќи веќе во првиот круг видовме инцидент и контакт меѓу Расел и Хамилтон. Џорџ заврши надвор од патеката и се откажа од трката, а Луис доби казна од пет секунди што можеби беше премногу строга.
Од тој момент до крајот на трката, Кими Антонели имаше само една цел на ум – победа. Тој успеа да ги неутрализира многу добрите возачи како Шарл Леклер, Макс Верстапен и Ландо Норис и да победи на патеката Спа.
Во вистинскиот момент, Мерцедес ги смени гумите и избра одлична тактика што му помогна на Италијанецот повторно да победи по 44 возбудливи круга во Белгија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
