Кин бесен: Треба да е дерби, а тие се гушкаат на терен…

Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити одиграа потпросечен дерби-дуел што заврши без голови, во 90 минути во кои двата тима многу поголемо внимание посветуваа кон чување на сопствената мрежа, отколку на креирање на шанси пред противничкиот гол. Јавноста ги нападна двајцата тренери дека не ја посакувале доволно победата, а на Рој Кин му пречеше преголемото пријателство меѓу фудбалерите на лутите ривали на теренот.

Поранешниот капитен на „црвените ѓаволи“ беше дел од тимот на аналитичари на Скај Спортс, а по мечот не го криеше разочарувањето од 90-те минути фудбал на „Олд Трафорд“.

Не знам што да кажам, гледавме 90 минути фудбал во кој ниту еден од двата тима не сакаше да победи. Не ми е разбирливо, според мене фудбалот секогаш се игра за да победиш, особено ако си тим со сериозни амбиции. Ова требаше да е дерби, а видовме само два жолти картони. Не ни можеше да има повеќе, кога фудбалерите минаа толку време гушкајќи се на теренот. Го видовме крајот, судијата свирна, а сите беа расположени, повторно се прегрнуваа и и разговараа едни со други. Сите беа презадоволни што одиграле 0-0, со таков менталитет не се освојуваат трофеи, ниту Сити ниту Јунајтед“, критичен беше Рој Кин.

Се вчитува...