Кина е следната дестинација на Хавиер Маскерано

Хавиер Маскерано дефинитивно зимава ќе ја заврши својата авантура во Барселона, откако неговиот агент се договорил со каталонскиот гигант на Аргентинецот да му биде дозволено да си замине од „Камп ноу“ веќе во јануари, шест месеци пред официјалниот истек на договорот.

Претседателот Бартомеу и тим-менаџерот Сегура и лично му го кажале ова на Маскерано, кој самиот бараше да му биде дозволено да замине во клуб каде ќе има поголема минутажа, откако го загуби првотимскиот статус кај Ернесто Валверде. Кина ќе биде следната дестинација на искусниот аргентински фудбалер откако раководството на Хебеи веќе ги договорило условите со Маскерано, кој ќе заработува над пет милиони евра годишно. За официјализација на трансферот се очекува само уште договор меѓу клубовите, а отштетата што Барселона ќе ја добие ќе изнесува околу четири милиони евра.

Каталонците веќе ги интензивираа преговорите за доведување на нов дефанзивец, а приоритет е Колумбиецот Јери Мина, чиј трансфер за наредното лето е веќе договорен, а се прават напори тој веќе во јануари да пристигне на „Камп ноу“.

Се вчитува...