Кинески пари – кинески термин: Интер и Милан за првпат ќе играат дерби во 12.30 часот

Дербито на Милано меѓу Интер и Милан за првпат ќе се игра во пладневен термин, Двата клуба се сложија на ваков термин за истиот да биде прилагоден за кинескиот пазар, со оглед дека неодамна „нероаѕурите“ имаат кинески сопственици, а во процес е преземањето на мнозинскиот пакет акции и на Милан од инвестициски фонд од оваа земја.

Телевизискиот пренос директно ќе биде емитуван на подрачјето на Кина со почеток во 19.30 часот, а двата клуба веќе имаат милиони фанови од тој дел од светот. Градското дерби на Милано ќе се одигра на 15.април, во рамките на 32.коло во Серија А.

Интер се обидува да стигне до квалификациите за ЛШ, додека Милан има интерес за пласман во Лигата на Европа.

Се вчитува...